Пешачки премин за смирување на сообраќајот во Козле

По барање на околните жители и по зачестените сообраќајни незгоди во овој дел од градот, на улицата Козле е поставен подигнат пешачки премин за смирување на сообраќајот.

Со поставувањето на овој подигнат пешачки премин ќе се намали брзината на на движење на возилата во овој дел од населбата Козле и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.