Пешачете, трчајте или играјте: Сето тоа е добро за вашиот мозок

Според многу истражувања, животниот век на луѓето станува подолг, но за жал, деменцијата е болест која ги напаѓа многу луѓе и која ќе зема поголем замав во следните 30 години.

Но, имаме добри вести :  според истражување објавено во март во Списанието за алцхајмерова болест, редовното пешачење, возење велосипед, пливање и танцување, па дури и работење во градината е одлично за нашиот мозок.

Редовното вежбање веќе подолго време е поврзано со подобар умствен капацитет кај постарите луѓе. Во рамки на ова истражување, биле користени подаотоци од околу 6000 мажи и жени. Така било забележано дека оние личности кои биле физички поактивни, имале значително повеќе сива маса, споредено со оние нивни врсници кои не практикувале редовна физичка активност во текот на својот живот.

Според Сајрус Раји, главен истражувач во ова истражување одлична идеја е да се остане физички активен што е можно подолго. Тие препорачуваат физичка активност, како пешачење, џогирање, танцување и други слични активности. Според нив, најдобро е да се практикуваат неколку пати неделно барем по 30 минути. Тоа не само што го чува нашето тело, туку и нашиот мозок.