Пешачењето е една од најдобрите физички активности за нашето ментално и физичко здравје.

Тоа ја спречува појавата на многу болести, а истовремено го подобрува нашето расположение и ни помага да се ослободиме од стресот по долгиот и напорен ден.
Некои од предностите од редовното пешачење се:
- Пешачењето го намалува ризикот од губење на видот и помага во негово избистрување
- Се подобрува протокот на кислород во крвотокот и помага во ослободување од токсините во нашето тело
- Се подобруваат фокусот и концентрацијата и се подобруваат когнитивните својства на нашиот мозок
- Помага при намалување на вишокот килограми,
- Се намалува болката во нашето тело, особено во грбот и кичмата
- Помага кај мигрените и луѓето кои патат од главоболки предизвикани од стрес и промени во времето
- Помага при намалување на симптомите од ПМС кај жените
- Го спречува хроничниот замор
- Се подобрува кардиоваскуларното здравје и варењето, но и работата на цревата
- Помага во превенција од срцеви и мозочни заболувања и тоа во поголема мера од трчањето
Експертите препорачуваат редовно пешачење од барем 30 минути во текот на денот, кое е умерено со интензитет кој ни одговара. Според нив, бројот на минути зависи од бројот на годината, но секако е индивидуален од можностите и потребите на секоја личност.