Пешачење – една од најдобрите активности по прележан коронавирус

Само половина час дневно е доволно да ни помогне да го подобриме својот изглед, но и своите мисли.

Пешачењето се препорачува за сите возрасти, а тоа е корисно за нашето здравје и нашето расположение.

Тоа позитивно влијае на промените во мозокот

Пешачењето ја спречува раната појава на деменција, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и помага во подобрување на севкупното ментално здравје. Освен тоа, придонесува и за одржување на нормално ниво на ендорфин и намалено лачење на кортизолот.

Го подобрува видот

Иако можеби ни изгледа дека очите се последното нешто на што пешачењето може да влијае, сепак некои истражувања покажуваат дека тоа всушност позитивно влијае на здравјето на очите. Освен тоа, може да помогне и во борбата против глаукомата, а со тоа го олеснува и очниот притисок.

Превенција на срцеви заболувања

Според Американската асоцијација за срце, редовното пешачење влијае позитивно на нашето срце и е поефикасно од трчањето во заштита од ризикот од срцеви заболувања. Го намалува крвниот притисок, холестеролот и ја подобрува циркулацијата во нашето тело.

Го зголемува волуменот на белите дробови

Ова е особено корисно за луѓето кои прележале КОВИД. Тоа е одлична вежба која го зголемува протокот на кислород во крвта и помага во јакнење на капацитетот на белите дробови, ги елиминира токсините и непотребните материи од белите дробови. 

Го подобрува расположението

Редовното пешачење влијае позитивно на нашето расположение помагајќи ни да го разбистриме мозокот, но и го намалува лачењето на кортизол во нашето тело. 

Го подобрува варењето

Само 20 минути двневно е доволни за да се подобри системот на варење и ја регулира работата на цревата.