
Министерството за внатрешни работи информираше дека поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, Перпарим Бајрами е спроведен во КПУ Затвор Скопје.
Како што информираат оттаму, денеска во 05:35 часот на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија, се пријавил Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје од 17.12.2024 година.
„Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје“, посочија од МВР.