Перо Антиќ се огласи по изборот

По денешниот избор за претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ во куса изјава за медиумите ги кажа приоритетите на новото раководство.

–Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката, враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, каде што сме биле по можност и чекор понапред, изјави новиот прв човек на македонската кошарка.

Антиќ на денешното собрание беше единствен кандидат за претседател на КФСМ и едногласно е назначен за наследник на функцијата која досега ја вршеше Петар Наумоски.