Перо Антиќ се огласи и испрати силна порака до Манасков и Стоилов

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентатиевец кој воедно своевремено беше и капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ се огласи по пат на социјалните мрежи.

Причината е настапот на машката ракометна селекција на СП во Германија и Данска. Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели стори на кое се Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.

Над истото пишува „Глава горе момци“ со што Перо им изразува поддршка по трите последователни порази.