Перо Антиќ оди во пензија

Перо Aнтиќ најави дека најверојатно ја игра последната сезона во неговата кариера. Некогашниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација во изјава за српски „Спортклуб“ вели дека сезонава дошол во Црвена Звезда, за да ја одигра последната сезона.

„Точно е дека дојдов по свое инсистирање во Звезда. Се откажав од голем дел од договорот, но на крај парите не се најважни. Сакам да ја завршам кариерата како што треба, во клубот во кој сум релаксиран и во кој играм за навивачите. Тука сум и блиску до мојот дом“, рече Антиќ.

Антиќ веќе има 35 години и се враќа во Звезда по пауза од неколку години. Тој си замина од „црвено-белиот“ дрес во 2007 година.

„Сега сум 12 години постар од моето прво доаѓање. Среќен сум што повторно сум во клубот кој го сакам. Мислам дека ова ќе биде последна сезона во мојата кариера и сакам да ја завршам како што треба, во дресот на Звезда“, додава Антиќ во интервјуто.
Перо ја започна кариерата во Работнички каде играше до 2001 година. Потоа од 2001 до 2005 година го носеше дресот на АЕК во Атина, а во Звезда играше од 2005 до 2007 година. Во кариерата играше и за Лукоил, Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Олимпијакос и Фенербахче.

Тој е првиот Македонец кој заигра во НБА лигата. Од 2013 до 2015 година, го носеше дресот на тимот на Атланта. антиќ има три титули европски првак.