Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе - бренд амбасадори на Видеолотарија Касинос Австрија

Вистинска реткост е да се видат заедно големите мајстори во својата професија, а токму денес Видеолотарија ги спои со цел да ги поддржи и во нивните нови спортски предизвици, но и во поттикнувањето на младите да ги препознаваат како свои спортски идоли.

Спортските легенди Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија оваа година.

На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за оваа година, со кои ја продолжува својата пракса да го поддржува спортот и најдобрите спортисти од Македонија.

Со задоволство информираме дека нашите бренд амбасадори се претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе.

-Задоволен сум од соработката со Видеолотарија, со која заедно минатата година претставивме нови спортски игралишта кои ги реновираше компанијата, во рамки на своите општествено одговорни цели, сакајќи да придонесе за создавање нови спортски таленти во иднина. Верувам дека оваа убава пракса, ќе продолжи како убав спортски тренд за младите и оваа година, изјави Кире Лазаров, кој веќе трета година е бренд амбасадор на Видеолотарија.

-Со Видеолотарија сме заедно веќе неколку години и јас сум многу задоволен што го препознаа мојот потенцијал и со години заедно го градиме успехот. Еве и сега, верувам, заедно ќе се радуваме на мојот нов предизвик во новата сезона, која ќе почне на 15 и 16 април, сподели Игор Стефановски Иџе.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ изрази голема благодарност за поддршката која ја доби и за федерацијата, но и за оваа нова улога, како бренд амбасадор.

Тој додаде дека се радува што токму нашата земја ќе биде домаќин на две првенства.

-Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во ко-организација со ФИБА. Ова се значајни настани за кои Видеолотарија не поддржа, поради што како претседател на КФСМ сум многу благодарен, додаде Антиќ.

„Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија ќе продолжи да ги негува нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти и во иднина.