Период на Водолиите: Сè што треба да знаете за родените во овој знак

Водолиите се воздушен знак кои се познати како бунтовници во хороскопот.

Тие не се осамени, туку напротив одлично функционираат во големи групи, но Водолиите не следат никого. Тие се шармантни, имаат одлична смисла за хумор и неверојатен автентичен карактер кој ги прави различни од другите. 

За нив интелигенцијата е многу важна и во текот на животот родените во овој знак развиваат љубопитност за многу различни теми. Тие постојано учат и се подобруваат себеси, но и се обидуваат да го променат и подобрат светот околу нив. 

За нив, да се биде нормален значи да се биде досаден а тие често се препознаени како луѓе со интересни карактери и вредности. Водолиите не сакаат да бидат како другите, можеби сакаат да ги сакате, но ним не им е потребно да припаѓаат некаде. Токму и затоа, голем дел од претставниците на овој знак никогаш предолго не би останале во пријателство или врска во која не се чувствуваат добро, поради стравот да не бидат сами. Кај нив тоа не постои. 

За нив, животот е како еден голем научен експеримент и тие многу се радуваат на малите нешта и изненадувања. Често се трудат на различни начини да ја разберат човековата природа. 

Водолиите во љубовта, сексот и романсата

За да ги заведете, мора да сте интересна личност која ќе им се допадне физички, но уште поважно, со која ќе можат долго да разговараат на различни теми. Тие сакаат филозофија, разговори за животот.  За нив е многу важно и да имате слична хумор на нив. Не е толку значајно да имате слични интереси, но важно е да сакате нешто, да имате хобија и нешто што ви значи.

Тие се трудат да ги разберат луѓето. Ако им се допаѓате, ќе се трудат да дознаат нешто за вас преку прашања, ќе бидат љубопитни за вашите интересни искуства и вашите мислења. Во љубовта и романсата, тие сакаат да се прифатени со својата ексцентричност, но тешко им е да сакаат некого кој не се вклопува во нивните стандарди. Често формираат очекувања од другите луѓе кои можеби не ги споделуваат јасно и гласно, па од таквите очекувања лесно можат и да се разочараат. 

За нив, сродна душа е личноста која ќе ги разбере и која ќе ја почитува нивната слобода. Тие сакаат партнери кои се независни и кои имаат свои страсти и задоволства. 

Кога флертуваат, тие се мудри. Не сакаат разговор за времето, туку подлабоки теми кои ќе им помогнат да ви ја откријат суштината. За нив, хуморот е значаен кога ќе се трудат да се доближат некому. 

Водолиите како пријатели

Тие имаат многу познаници и се генерално социјални и пријателски настроени личности, но нивната енигматична природа прави некогаш да е тешко да им се приближите. Често можете да ги познавате со години, но да не знаете ништо за нивниот личен живот, а кога ќе ги прашате за себеси, да не знаат што да ви одговорат.

Водолиите имаат силно чувство за заедницата и сакаат да им помагаат на луѓето. Учат многу од другите и често изгледа како да ги впиваат туѓите карактери во себе и тоа ги прави уникатни пријатели. Сакаат длабоки пријателства, но тие за нив се ретки, а ако се случат, тие се многу лојални. Но, пријателите ги бираат по вредностите, ставовите и никогаш не би биле пријател со личност која ја сметаат за лош човек.

Иако се секогаш тука за поддршка, Водолиите не се личноста на која би и се јавиле кога сте во криза бидејќи имаат по малку чуден начин на решавање на проблемите. На нив, најдобро е да им се јавите кога ви е потребна авантура или друштво за далечно патување. 

Што ги прави лути?

Водолиите често се лути на светот бидејќи тој не е изграден според нивните идеални стандарди. Се лутат кога луѓето се однесуваат како кретени, кога некој е лош кон друга личност и не ја поднесуваат социјалната неправда. Дополнително, ако ги обвините за нешто што не го направиле, тоа може  да ги разбесни. За тоа можат да бидат лути и да зборуваат дури месеци подоцна.

Кога се лутат, тоа може да дојде како големо изненадување, а причината за тоа може да биде недоразбирање, вина или пак ако некој не ја разбере нивната страна од приказната. Ним им е тешко да го изразат бесот, бидејќи сите работи ги сфаќаат лично и се плашат дека луѓето ќе ги сметаат за нелогични.