Доаѓа периодот на Овните – чувствителни авантуристи кои не прифаќаат порази

Овните се големи авантуристи кои постојано сакаат да искусуваат нови нешта. Тие се вистински индивидуалци со уникатен поглед на светот. Имаат огромна самодоверба и со нив секогаш создавате убави приказни.

Тие се првиот знак во хороскопот, кои имаат огромна енергија во себе. Секогаш избираат да бидат свои и уникатни и не ги сакаат правилата. Често се нервираат кога луѓето не ги гледаат како што тие се гледаат себеси.

Како мали деца, тие често се спонтани, искрени и отворени, но и свртени кон себеси. Кон светот гледаат со искрена невиност и се вистински авантуристи кои имаат импулс постојано да откриваат нови нешта. Тие исто така сакаат внимание и обожаваат да бидат ѕвезди. Тие никогаш не успоруваат, дури и по цена да ги скршат правилата. Ним им е потребно постојано да бидат во движење и тешко им е кога мораат да мируваат.

Овните имаат огромна волја да ги водат луѓето. Како и да е, сакаат да се први во се што прават.

Во љубовта си одговараат со луѓе кои можат да ја скратат нивната природа. Сепак, никој не треба да се труди да ги ограничи и да ја украде нивната слобода. Сакаат да се во врска во која постојано нешто се случува и не сакаат плитки луѓе покрај себе.  Ако им се допаѓате, ќе започнат игра која можеби не ја разбирате, но штом го прифатите нивниот предизвик, тогаш започнува играта. Тие сакаат да бркаат, односно да ви покажат дека сакаат да се борат за вас.

Како пријатели се брзи личности кои не можат да трпат секого покрај себе. Брутално искрени се и всушност и ретко кој може да биде пријател со нив. Но, тие се вистински пријатели што би направиле се што е потребно за своите блиски.