Перински на увид на работните активности на улица Беласица

Денеска, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, направи увид на работните активности за реконструкција со доградба на постечка шахта за испуст и испуст на атмосферски води во река Вардар по дел од ул.Беласица.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реализацијата на овој проект изнесува 1.100.400.00 денари, а изведувач на работните активности е фирмата „Жикол“.

На потегот од раскрсницата на бул. Гоце Делчев, ул. Беласица и новоизведениот бул. АСНОМ (кај East Gate) кон р.Вардар постои атмосферски колектор Ø1200/1800мм кој завршува во р.Вардар со испуст Ø900мм.

По констатацијата дека овој испуст Ø900мм е тесен, особено за време на големи количини на дождовна вода кои доаѓааат од бул.Никола Карев (пластичарската улица ) кон кружниот тек кај Хотел Континентал, од ул.Беласица и од бул.Гоце Делчев, се направи проект за изградба на овој дополнителен испуст во р.Вардар и за реконструкција односно доградба на постоечката шахта која во сегашни услови од колекторот Ø1200/1800мм преминува во испуст со Ø900мм. За изведба на овие работни активности е добиена и потребната согласност од Министерство за животна средина – Сектор за води.

Изведбата на оваа реконструкција опфаќа проширување на постоечката шахта и оформување на уште еден излез од истата покрај постоечкиот Ø900мм, но сега со цевковод од 1200мм во должина од 30 м и изградба на испуст на излезот на новата цевка во коритото на р.Вардар, информираа надлежните.