Пензионирање на 64 години, но само во јавниот сектор

Кој ќе може  да оди во пензија со 64 години? Во владата различни ставови по ова прашање.

Според министерката за труд Шахпаска, задолжителното пензионирање на работниците на 64 години  ќе  важи за сите вработени во јавниот сектор , не и за оние во приватните фирми. 

Работиме на законот за пензионирање со возраст со 64 години и 15 години стаж кој ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност во реалниот сектор работникот и работодавецот со заемен интерес да се договорат за продолжување на работниот век, вели министерката за труд Шахпаска.

Пред извесно време пак премиерот Заев посочи дека се носи одлука за задолжително пензионирање со 64 години и ова да важи за сите вработени, освен за дефицитарните кадри кои не може да  се надополнат. 

 Се носи одлука за задолжително пензиопнирање за сите на 64 години, освен за дамите кои можат да изберат  да одат во пензија и на 62. Се размислува за одредени  кадри да не важи како за дефицитарните, сестри доктори.., рече Зоран Заев.

Во новиот закон ќе се даде можност во пензија да се оди пет години порано од 64 и 62, но работникот ќе треба сам да си го докупи стажот. Ова правило сеуште не се знае за кои дејности ќе важи, не се знае ниту колку ќе треба да платат работниците за докуп, ако сакаат да одат порано во пензија.

Од ССМ сметаат дека не може работници од различни дејности со различна тежина на работата да се пензионираат под исти услови. Тие бараат жените во пензија да може да одат со 35, а мажите со 40 години работен стаж без разлика на нивната возраст.

Меѓународните инситуции ММФ и Светска банка  неколку пати советуваа да се зголеми старосната граница за пензионирање. 

Според податоците во земјава има 327 илјади пензионери.