Директорот на Бирото за јавна безбедност се огласи на својот фејсбук профил по случајот со апсењето на ексвработени во МВР за „злосторничко здружување“ и „оддавање службена тајна“.
- Законот важи подеднакво за сите. Порано или подоцна, секој кој го прекршил законот, ќе одговара за своите постапки. Две пензионирани лица од МВР и едно активно вработено, се лишени од слобода поради злосторничко здружување, оддавање службена тајна, попречување на правдата и противправно стекнување и прикривање имот. Тие во периодот од декември 2019, па до март 2021 година, соработувале со криминална група инволвирана во извршување на криминални активности од повеќе области, на која и овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна, порача тој и упати апел:
- Апелирам до сите колегите да работат исклучиво согласно пропишаните норми и во законски рамки. Никој не е над народот, законот и Уставот. Токму ние, со чесност, посветеност и интегритет, треба да сме пример за почитување на правната држава, заклучи Јанев.