Пензионерски спортски игри во Аеродром

Традиционалните пензионерски рекреативни спортски игри ќе се одржат денеска пред пензионерскиот дом „Јане Сандански“.

Пензионерите од Ново Лисиче деновиве се подготвуваа за спортско-рекреативните игри, вежбајќи во спортските игралишта и на зеленилото во близина на нивните домови.

Пензионерските спортски игри се во организација на Здружението на пензионери „Солидарност-Аеродром“.