
69-годишна жена вчера попладне прегазена на крстосница во Скопје.
- На 06.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ“ со ул.„Народни Херои“ во Скопје, патничко возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.