Пензионерите во Москва ќе добиваат пари ако се вакцинираат

Москва воведува нови мерки за да ги мотивира повозрасните жители да се вакцинираат. 

Доколку тие ги примат двете дози до крајот на годината, ќе добијат по 120 евра. Услов е само да се прими вакцина од руско производство. На овој начин Москва се надева дека ќе ја мотивира слабата имунизација. 

Во Русија изминатиот период е забележан рекорден број на починати, откако во само 24 часа од ковид-19 починале 984 лица, а истиот ден во Москва имало околу 2000 заразени, додека во цела држава над 28.000 новозаразени лица.