Пензионерите од Бутел ќе добијат реконструиран пензионерски клуб во Љуботенски пат

Започна целосна реконструкција на пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат во општина Бутел, информираше првиот човек на општината Дарко Костовски.

-Ова е место кое е од огромно значење за жителите од Љуботенски пат. За жал предходната локална власт целосно го заборави и го запостави ова место со што во изминатиот период беше збиралиште и претставуваше закана за жителите. Општина Бутел заедно со општествено одговорни луѓе од ова населено место ќе го вратат стариот сјај на овој пензионерски клуб и повторно ќе биде во целосна служба за потребите на граѓаните, порача Костовски. 

Тој вели дека со ова ќе се исполни уште едно предизборно ветување дека во најбрз можен рок ќе се реконструира овој пензионерски клуб, порачувајќи дека континуирано ќе се грижат за сите граѓани во Општина Бутел!