Пендиков добил смртни закани, бугарското обвинителство поведе предистражна постапка

Окружното обвинителство на Софија поведе предистражна постапка за смртна закана кон претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

„БГНЕС“ објави дека добиле потврда од главниот обвинител Сијка Милева.

- Пендиков поднел пријава до надлежните институции дека на социјалните мрежи му била испратена заканувачка порака на македонски јазик, кажала Милева.