Пендаровски и семејството живеат во Автокоманда - Вила Водно се реновира

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, неговата сопруга и синот се уште живеат во станот во скопската населба Автокоманда, бидејќи „Вила Македонија“ не е спремна да ги прими, поради реновирање.

 Од кабинетот на Пендровски, кој на функцијата стапи на 12-ти овој месец, во изјава за „Слободен печат“ велат дека вилата ќе се варосува пред претседателот и неговото семејство да се преселат таму.

- „Во моментов се реализира адаптација на објектот пред вселување на претседателот Пендаровски и неговото семејство, во контекст на основни промени (постелнина, варосување). По завршување на постапката која ја спроведува СОЗР, претседателот Пендаровски со семејството ќе се всели во Вила Македонија“, се вели во одговорот од неговиот кабинет.