Пендаровски го претстави „засилувањето“ пред унгарската колешка

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска при посетата на неговата колешка, претседателката на Унгарија, Каталин Новак го претстави, како што вели, засилувањето во неговиот кабинет. 

-Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот Кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот Шарпланинец, тримесечниот Рок, напиша Пендаровски на својот официјален фејсбук профил.