Пендаровски го посети семејството чие дете беше жртва на булинг

Претседателот Стево Пендаровски вчера се сретна со семејството на ученикот од ОУ „Даме Груев“ во Градско, кој беше изложен на континуирано врсничко насилство од страна на соученици во последните две години.

-Сите надлежни институции мора брзо и навремено да реагираат за да ги заштитат жртвите на врсничко насилство, а кон учениците да бидат преземени соодветни мерки, порача претседателот по средбата. 

Поради овој случај на булинг пред една недела беше разрешена директорката на основното училиште.