Пендаровски е сè уште без плата, но ќе ја добие најдоцна до 15 февруари

Претседателот Стево Пендаровски, како и вработените во неговиот кабинет останаа без плата, која вообичаено ја добиваа на првиот ден од секој месец, но од Министерството за финансии не се загрижени.

Од Министерството за финансии соопштија дека платата за вработените во претседателскиот кабинет, како и за Пендаровски, ќе биде исплатена до 15 февруари.

- Во однос на тоа што може да се направи, Кабинетот достави образложение до Министерството за финансии, одржани се и состаноци меѓу претставниците на институциите и се работи за надминување на пречките, кажале од Кабинетот на Пендаровски во разговор со „Макфакс“.