Пеколни температури се очекуваат во Македонија - лекарите советуваат како да се заштитите

Се најавува дека подрачјето на целата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Затоа лекарите советуваат што може повеќе луѓето да се заштитат од топлото време.

Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна.

За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија, препорачуваат од министерството за здравство.