Педофил од Чаир заврши во полиција

Полицијата вчера го привела лицето А.Ф. од Чаир кој во текот на минатиот месец во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица.

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По преземени мерки полицијата утврдија дела дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.