Педијатрите советуваат да не ги држите децата внатре кога температурата е ниска

Македонските родители имаат навика да не ги пуштаат децата да излегуваат надвор, кога ќе почне температурата да се намалува, сметајќи дека така ќе ги заштитат од настинки и вируси. Педијатрите имаат други ставови и апели до сите родители.

Со намалувањето на температурите многу родители се плашат да ги извадат своите деца надвор затоа што се плашат дека децата така побрзо ќе се разболат. Парковите и игралиштата се празни, а децата повеќе си играат дома или во игротеки каде што поради затворениот простор, ги демнат вирусите.

Ако е многу ладно, поголемите деца можат да одат надвор по неколку пати во денот по половина час, но сепак нека излезат, да не бидат затворени внатре, особено сега во есен, советуваат педијатрите.

За психолошкиот развој е важно детето да има контакт со природата. Колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители за болести. Немојте да мислите дека ќе го заштитите детето од настинка ако го чувате во затворен или претопол простор. Колку почесто го носите надвор, толку ќе биде поздраво.

Поголемите деца се повеќе време поминуваат дома, играјќи игри и гледајќи телевизија. Овие промени довеле до сериозно влошување на здравјето на децата и има се повече деца кои имаат проблем со деелината, со зголемен шеќер или висок притисок. Родителите многу работат и се плашат да ги пуштат своите деца сами надвор.