Педијатрите од Македонија порачуваат, да се стекнуваат навики за здрава храна кај децата

Со здрава исхрана од најраното детство, до подобро здравје преку целиот живот велат педијатрите и нутриционистите. Според нив навиките за здрава исхрана треба правилно и навремено да се формираат, за да им се обезбеди соодветен раст и развој на децата.

Клучни во менито на децата да бидат овошјето и зелечнукот, а термички обработената храна строго да се избегнува- апел до родителите да внимаваат децата да не јадат брза храна. Ова особено важи за оние на 6 и 7 –годишна возраст. Сериозен ризик по нивното здравје е и дебелината, која кај нас покажува зголемен тренд, а постои можност да добијат и дијабет. 

Освен здравата исхрана, за правилен развој значајна е и физичката активност. Посебно кај најмладите, но не помалку и кај постарите лица. Експертите од оваа област апелираат родителите да не ги ограничуваат децата во изборот на спортот и доколку е потребно да им дозволат да пробаат и неколку различни спортови.