Печени млади компири

Младите компири веќе се појавуваат на пазарот, а ова е совршениот рецепт за нив. Вкусот ќе биде уште подобар ако по печењето, веднаш изрендате сирење или кашкавал врз нив.

Состојки:

Еден кг компири (најдобро е ситни)
Една лажица сол
Два литра вода
50 мл масло

Подготовка:

Излупете ги компирите, а потоа измијте ги и исечкајте ги на четвртини (ако се од големите) и ставете ги во тенџерче со 2 литра ладна вода да зовријат, па додајте ја солта.

Вклучете ја рерната на 160 степени и во неа ставете ја тавата со масло да се загрее. Целата тајна се состои во загревањето на тавата со масло, а потоа почекајте додека да зоврие водата во тенџерчето со компирите. Откако ќе се појави бела пена во тенџерчето, исцедете ги компирите и ставете ги во тавата. Со помош на лажица за готвење добро измешајте го компирот за од сите страни да биде обложен со масло.

Компирот вратете го рерна и печете на 160 степени додека да зарумени, а повремено мешајте го.