Печени костени – топлина и пријатен вкус во студените месеци

Не постои личност која не го обожава вкусот на печените костени за време на есенските и зимските денови.

Photo by Meruyert Gonullu:

Сезоната на костен носи топла атмосфера и моменти на уживање во оваа скапоцена храна. Костените отсекогаш биле симбол на топлина и пријатни моменти во постудените месеци,  а нивниот вкус е уникатен. Меѓутоа, освен што ни привлекуваат со својот вкус, костените се и исклучително корисни за здравјето, бидејќи имаат голем број нутритивни придобивки.

Костените се посебни по тоа што содржат повеќе јаглехидрати од повеќето други јаткасти плодови, што ги прави извор на енергија, особено за време на студените денови. Во споредба со другите јаткасти плодови, костените имаат помала содржина на маснотии, што ги прави полесни за варење и погодни за урамнотежена исхрана.

Костените се богати со влакна, кои се добри за дигестивниот систем, ја подобруваат работата на цревата и го намалуваат ризикот од запек.

Една од главните придобивки на костените е нивната висока содржина на витамин Ц, што е невообичаено за јаткастите плодови. Витаминот Ц е од суштинско значење за зајакнување на имунолошкиот систем, помага во борбата против инфекциите и подобрување на апсорпцијата на железо од храната. Освен тоа, костенот содржи витамин Б6, важен за здравјето на мозокот и нервниот систем и фолна киселина, која е исклучително важна за трудниците, бидејќи помага во правилен развој на плодот.

Исто така, костените се извор на минерали како што се калиум, фосфор, магнезиум и бакар, а се добри и за коските и за функционирањето на целиот организам. Вклучувањето на костените во исхраната придонесува за чувството на ситост, што може да ја намали потребата од непотребни грицки.

Костенот не содржи глутен, па затоа е идеален за луѓе кои не се толерантни на глутен. Можно е да се консумираат на различни начини. Традиционално се печени, што им дава богат, сладок вкус и мека текстура. Освен печени, може да се готват, да се користат во супи, пире или како додаток во разни јадења. Костенот е идеален за подготовка на поздрави десерти бидејќи неговата природна сладост овозможува намалување на количината на додаден шеќер.