Печени костени: Најубавиот мирис и вкус во текот на есента

Есенскиот период ни носи еден од најубавите плодови на природата. 

Костените се богати со калциум, калиум, фосфор, железо, витамини Б и затоа се препорачуваат во текот на есента и зимата.

Нутриционистите истакнуваат дека костените треба да бидат значаен дел од нашата исхрана. Иако можеме да ги купиме на улиците каде ќе ги препознаеме уличните продавачи по убавиот мир уште од далеку, сепак тие можат да се подготват и дома мошне брзо и лесно. Повеќе се препорачуваат печените костени бидејќи содржат повисока енергетска вредност, белковини, масти и витамини. Тие содржат и витамин Е и фитохемикалии кои не се застапени во варенот костен, кој содржи пак поголема количина на минерални состојки.

Како и останатите јаткасти плодови, костените исто така содржат масти, но во многу помали количини. Тие не дебелеат и одлично делуваат на нашиот организам а докторите и нутриционистите препорачуваат околу 85 гр дневно.

Костените содржат и витамин Ц, кој е особено важен витамин во текот на зимата. Дневната доза од 83 грама содржи дури 45% од дневната потреба за витамин Ц.

Овие плодови придонесуваат за намалување на нивото на лошиот холестерол, а со редовното конзумирање во нашето тело внесуваме магнезиум и фосфор, кои се многу важни за коските, како и калиум, кој помага во урамнотежување на крвниот притисок.