Иако звучи комплицирано, овој специјалитет ќе го направите за помалку од половина час.
За овој необично сочен ручек потребни ви се следниве состојки:
Варени компири
Кашкавал (ајдамер оили гауда)
Путер
1 шолја презла
Парчиња сланина
Масло
Зачини по желба
Постапка:
Варените компири испасирајте ги заедно со мала коцка путер додека не добиете тесто. Посолете и зачинете.
Исечкајте го кашкавалот на коцки со средна големина.
Земете една коцка кашкавал и замотајте ја во тестото од компир додека не обликувате топче.
На секое топче замотајте 1-2 парчиња сланина, зависно од големината и зацврстете со стапче за ражничи.
Топчињата извалкајте ги во презла и на крај пржете ги во длабоко масло додека не добијат златна боја.
Послужете со павлака и ситно сечкан млад кромид.