Пазарот во Тафталиџе се чисти темелно

Општина Карпош информира дека интензивно се мие и дезинфицира пред фреквентните места, маркети, аптеки, пазарче и банки. Активно работат четири цистерни, две на локалната самоуправа и две – донација од компаниите „Анизор“ и „Гранит“.

Вчера, како што соопшти Општина Карпош, се миеја површините околу пазарчето во Тафталиџе и пред влезовите на сите околни маркети на овој потег, но и во другите населби. Целта е да се дезинфицира просторот каде што е присутна поголема фреквенција од граѓаните.

Од локалната самоуправа ги повикуваат сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус, да го почитуваат полицискиот час и навремено и точно да се информираат за сите дополнителни мерки преку официјалните канали за комуникација на институциите.