PayPal и во Македонија! Министерството за финансии ќе отпочне со преговори

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да се отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од Министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal, стои во соопштението објавено денеска од страна на Логин системи кои се иницијатори за воведување на PayPal.

Иницијативата ја покренаа бизнисемнот Венко Глигоров и дел од фесјбук и твитер заедницата.