Павле Трајанов побара оставка од Османи и Маричиќ

Претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека партијата е против францускиот предлог во кој, како што наведе, на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија.

Тој побара оставки од министерот за надворешни работи Бујар Османи и на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ со оглед на фактот што, како што рече Трајанов, тие биле директно биле вклучени во преговорите со источниот сосед.

-Ги повикуваме земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето на ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања. ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми, рече Трајанов.