Паунов: Започна реконструкцијата на малото спортско игралиште во село Карбинци

Денес, започна реконструкцијата на малото спортско игралиште во селото Карбинци. Ова игралиште во минатото беше узурпирано и уништено.

„Наскоро ова место ќе добие нов уреден лик, а сите љубители на спортски активности ќе можат да го користат ова игралиште и во вечерните часови", напиша градоначалникот Виктор Паунов на неговиот официјален фејсбук профил.