Пауло Коелјо: Сите знаат како треба да живеат другите, но не знаат што да прават со својот живот

Пауло Коелјо е познатиот бразилски писател чии книги ги обожаваме. Тие содржат многу позитивни и мудри мисли за човековата природа, но и за истрајноста и вербата во иднината.

Одбивам внимателно да одам низ животот само за да можам сигурно да стигнам до смртта.

Важно е да се знае кога на нешто ќе му дојде крајот. Завршени кругови, затворени врати, како и да ги нарекувате, тие не се важни. Важно е позади себе, во минатото да ги оставиме моментите на животот кои се завршени.

Не се препуштајте на стравовите. Ако го направите тоа, нема да можете да разговарате со срцето.

Кога нешто сакате, целиот универзум се здружува за да ви ја исполни вашата желба.

Кога сакаме, се трудиме да бидеме подобро. Кога се трудиме да бидеме подобри, се околу нас станува подобро.

Животот секогаш ни дава втора шанса, таа се нарекува утре.

Секој има јасна идеја за тоа  како треба да живеат другите, но не знаат што да прават со својот живот.

Што и да прави, секоја личност има централна улога во историјата на светот, но никој од нас не го знае тоа.

Најголемата лага е тоа дека судбина е се што ни се случува кога губиме контрола над нашите животи.