Патувате надвор од земјава? Тогаш ова мора да го знаете

Доколку денеска завршува вашиот годишен одмор или пак имате испланирано патување во странство, тогаш важно е да знаете дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
поради ова на границите има застој односно, на ГП „Табановце" времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, додека пак на ГП „Богородица" за влез и излез од државата се чека околу 30 минути.

Според извештајот на АМСМ,  на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.