Патувате надвор од земјава? Еве колку време се чека на граничните премини

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

На ГП Богородица за излез се чека околу 30 до 40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час.

Како што соопштуваат од АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата