Патувањето во Грција нема да биде лесно како што замислуваме

Грција ги отвора своите граници, но сепак патувањето таму нема да бидеисто како некогаш, поради воведените здравствени протокли. 

Така, за секој кој пристигнува во Грција, без разлика дали е жител на ЕУ или не, ќе подлежат на задолжителен карантин во времетраење од 7 дена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Доколку тие престојуваат во Грција помалку од 7 дена, карантинот ќе трае за целиот период додека се во земјата, односно до нивното заминување. Задолжителен е и ПЦР-тест со негативен резултат, не постар од 72 часа. 

Согласно воведените правила, на граничните премини, вклучувајќи ги и аеродромите, ќе се изведуваат и рапид-тестови. Ќе бидат тестирани граѓани од Велика Британија и од Емиратите, а задолжителен е и тестот на нивното заминување.

Сите вакцинирани израелски патници ќе влегуваат во Грција без карантин.