Патувања, добра кола, удобен живот без грижи - елитната проституција цвета во Скопје

Сакам секс, ама сакам и да живеам убаво. Сакам патувања, добра кола, удобен живот без грижи. Нудам многу и давам сè од себе. Не сакам да губам време, ми треба постар добро ситуиран маж. Може и без обврски, па ќе видиме. – вака изгледаат само дел од големиот број огласи преку кои се нудаат, продаваат и бараат секс услуги, млади скопјанки.

За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена. Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава. По дефиниција овие дами се многу поскапи отколку оние на улица.

Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап,односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.
– Кога ќе видите некоја од нив во град, дотерана од глава до петици, тешко дека ќе ви текне какво хоби има – велат извори кои инсистираа на анонимност, а знаат како функционира „бизнисот“.

Во едно он лајн истражување спроведено во Скопје дури 15% од испитаниците одговориле дека тоа е добар начин за пронаоѓање партнер. Сепак, поголем е бројот на испитаници кои сметаат дека ваквиот тип на девојки на крај ќе си останат сами и сигурно со по некоја болест.

35% од испитаниците воопште не ја подрржуваат приституцијата, а повеќе од 12% сметаат дека ова е добар начин за заработување пари.

Елитна проституција во Скопје

Ланецот на проституцијата одлично функционира по луксузните клубови и хотели низ Скопје, но и низ Белград. Девојките најчесто се на возраст од 18 до 30 години и обично се студентки.

Добро познато е дека елитната проституција е развиена и во нашето Скопје. Многу девојки прифаќаат да бидат т.н. „придружнички“ на одредени бизнисмени, политичари и видни фаци од градот, да им пружат задоволства, па макар и сексуални услуги. Некои од нив се познати старлети, чии секс чини околу 300-500 евра, но и девојки кои за 100-200 евра ви нудат целосно задоволство. Како и белграѓанките, така и скопјанките се обидуваат да се држат до високото друштво и да се покажат во најдобро светло за да ги препорачуваат на нивните богати пријателчиња.

На овој начин девојките живеат на висока нога и често се недостапни за „обичните момци“ со кои нормалните девојки се дружат. На овој живот се навлекуваат по своја волја и можеби незадоволноста од она што го добиваат од нивните родители кои работат само за да им обезбедат еден нормален живот. Освен скопјанките, во овој круг често се наоѓаат и студентките од провинцијата кои се обидуваат да се изборат за добро место во главниот град, па често посегнуваат по елитната проституција.