Патувам за повторно да се пронајдам себеси

Обожавам да патувам. Да можам да патувам, постојано би го правела тоа.

Многу често, во моите разговори со другите луѓе, ме прашуваат што има толку посебно во патувањето  и зошто толку сакам да патувам.

Што да им кажам? Од каде да почнам?

Како да им објаснам дека патувањето не е само поврзано со посетувањето на други држави?

Патувањето е прекрасно затоа што додека на секое место оставаш делче од себе, сепак од секое место понесуваш нешто ново назад со себе.

Кога патуваш растеш, кога патуваш си слободен, кога патуваш стануваш независен, среќен и самостоен човек.

Патувам затоа што обожавам кога ветрот ми ја бушави мојата коса додека ги разгледувам сите тие нови работи и нови култури околу мене.

Патувам затоа што секое патување ме прави среќна личност и кога ќе се вратам назад, позитивната енергија ме држи уште долго.

Патувам затоа што само така успевам да заборавам на товарот на животот.

Патувам затоа што сакам да се заљубувам во нови места.

Патувам затоа што само така сум слободна. Патувам затоа што мојата душа ја посакува и копнее по таа слобода. Ако не патувам, мојата душа се бунтува против тоа. Таа сака да излезе и да биде слободна.

Патувам затоа што истовремено се губам и се наоѓам себеси.

Патувам затоа што сакам повторно да се пронајдам себеси.

Патувам затоа што создавам прекрасни спомени.

Патувам затоа што животот не треба постојано да се живее и да се троши само на едно место!

Патувам затоа што знам дека имам каде и кому да се вратам.

Патувам затоа што сонувам со отворени очи.