Патријарх Кирил: Украинското сценарио може да се примени и за МПЦ

Рускиот патријарх Кирил смета дека Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио“ за признавање на афтокефалноста и на Македонската православна црква.

– Ако се отфрлат споредните детали, „украинскиот рецепт“ е сосема едноставен: цариградскиот патријарх си даде право да може да го ревидира кој било документ и договор, што го издале неговите претходници, доколку неговата содржина не му одговара… Така, ја укина граматата од 1686 година за предавање на Киевската патријаршија под јусрисдикција на Руската православна црква. Следствено, тоа не гарантира дека „украинското сценарио“ нема да се повтори и во Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора сега се независни држави, а тоа значи дека актуелните канонски граници на СПЦ, според Томосот од 1922 година, Фанар може лесно да ги оспори… И не е случајно што патријархот Вартоломеј напоменува дека тоа што и припаѓа на Србија и припаѓа канонски и еклисиолошки – тој намерно не зборува за Српската црква, туку за Србија како држава, алудирајќи на тој начин на нејзините современи граници, вели рускиот патријарх.

Тој нагласува дека нема гаранции дека некој од балканските лидери ќе се обрати до Цариград со барање за афтикефалност, потсетувајќи оти тоа веќе го направил македонскиот премиер Зоран Заев.

– Тоа барање беше испратено уште минатата година, речиси истовремено со барањето од претседателот на Украина Петро Порошенко. Синодот на Цариградската патријаршија почна официјално да го разгледува барањето, за што беше објавено и соопштение. Зошто Фанар би го разгледувал барањето ако, сепак, нема намера да го повтори „украинскиот рецепт“ и за Скопје, вели патријархот Кирил во интервју за „Политика“.