„Патот за Авонли“, „Супер бабичка“...Цело едно детство, цела една бура од спомени

Беа тоа времиња кога и на распуст имавме причина плус да станеме во 8.30 за да ја изгледаме дневната доза од нашите омилени серии кои се емитуваа на нашите телевизии, еве дел од нив:

„Супер бабичка“

Бабичката чиј заштитен знак беше карираната капа со црвена пуфка ни беше една од омилените работи што ги гледавме на телевизија додека растевме во ’90-тите години.

„Тропска горештина“

„Тропска горештина“ е канадска телевизиска серија, направена во ко-продукција со Мексико и Израел, првпат емитувана во период меѓу 1991 и 1993 година, а кај нас емитувана речиси секое лето, особено во минатите години на Македонската радио телевизија.

„Патот за Авонли“

Патот за Авонли е најгледаната канадска серија на сите времиња. Како потврда на големата популарност и квалитет ,серијата има освоено 15 ЕМИ награди и безброј меѓународни пофалници.

„Беверли хилс, 90210“

Една од најпопуларните серии за млади што се емитуваа во деведесетите години од минатиот век е „Беверли хилс, 90210“.

Ретки беа тинејџерите и во нашата земја што не ја следеа оваа серија секоја недела точно во 20 часот.

Се плашите ли од темнината

Оваа серија беше состaвен од една Полноќна дружина (деца) која секојдневно се собираше покрај огништето раскажувајќи приказни за темнината и стравовите.

Имавте ли вие омилена серија?