Патот Волково – Кучково исчистен од шут

Комуналните служби во соработка со приватниот концесионер ,,Екофлор” интервенираа на патниот правец Волково – Кучково.

– Се чистеше и во делот околу крстот и боровата шума. Сликата кон единственото место за излет и викенд прошетки во општината е повеќе од загрижувачка. Несовесноста за уништувањето на животната средина кулминира. Апелираме до граѓаните, соодветно да го исфрлаат отпадот, да ја почитуваат и совесно да се однесуваат кон природата, пред се поради сопственото и здравјето на нивните деца – велат од Општина Ѓорче Петров.