Патник сведочи за хорор во авион на „Туркиш Ерлајнс”: За малку ќе се срушевме над Скопје

Патниците на Туркиш Ерлајнс, доживеа невидина драма, која цел живот ќе ја паметат, на летот од Истанбул за Скопје.

За неуспешниот лет на скопскиот аеродром и пренасочувањето кон приштинскиот, без да се информираат патниците, посведочи Сабри Азири во својот пост на Фејсбук.

– Драма во авионот на Туркиш од Истанбул за Скопје!!!

Кој бил во авионот знае каков кошмар беше! Прво авионот каснеше повеќе од 2 часа. Летот од Истанбул за Скопје беше во 19 и 30, но ние тргнавме после 22 часот. Кружеше повеќе од 45 минути над Скопје, чекајќи зелено светло да слета. Кога се потруди да се спушти на пистата веќе се гледаше пистата, ветерот беше многу силен што го носеше авионот лево десно и крилата ветерот му ги носеше горе доле. Толку силно што имавме чувство дека малку му фалаше крилото да допре на земја и да се преврти авионот. Пилотот виде дека не ќе може да слета наеднаш се потруди да се качи горе, ветерот беше толку силен што очекувавме во секој момент авионот да падне на Скопскиот аеродром. Никој ништо не не информираше дека ќе оди во правец на Приштинскиот аеродром. – напиша патникот.

Азири посведочи дека авионот едвај слета на приштинскиот аеродром, пред се поради силниот ветер.

– Имаше во авинот група од 25 души од карате тимот на Косово и они ни кажаа дека ќе слета во Приштина бидејќи гледаа низ прозор и го препознаа местото. Кога се потруди да слета во Приштина и таму имаше силен ветер, исто авинот го носеше ветрот и мислевме дека авионот ќе падне, кога ги пушти задните тркала мислев дека авионот ќе се подели на два дела толку силно и наеднаш падна на пистата. Кога го спушти предното тркало авионот изгуби контрола и се движеше лево десно и излезе од правецот на пистата. Мислевме дека ќе се преврти бидејќи ненормално се движеше и изгуби контрола. – напиша Азири.

Патникот раскажа дека дел од патниците не се чувствувале добро.

– Имаше едно дете почна да плаче и една жена изгуби свест. Одма луѓето од карате тимот ни понудија помош со вода, телефони и вифи за да можеме да ги информираме нашите фамилии. 1 час и 30 минути не не пуштија пилотите и тимот од Туркиш да излеземе од авионот бидејќи наводно немале дозвола да ги пуштат патниците. Ни беше кажано дека невремето односно ветерот е смирен и дека сакаат повторно да летаат за Скопје од Приштина. По консулатација со скоро сите патници во авионот одлучивме доброволно кој сака да се симне од авионот да се врати со такси кој сака да остане за да се врати со истиот авион. Пола од патниците останаа да се вратат со авион пола се вратија со такси. Излеговме на сама писта и ги баравме куферите да ги препознаеме и да ги земеме со нас. Сите кои летаа знам дека додека се живи ќе имаат трауми и дека сите зимаат лекови за смирување. Никогаш никому да не му се случи. – напиша патникот.