Патниците евакуирани - Се запали автобус на патарината крај Велес

Во близина на патарината Отовица кај Велес во правец кон Скопје, автобус избувнал во пламен, предизвикувајќи вознемиреност кај возачите и патниците кои во тој момент се движеле по автопатот.

Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на овој патен правец е привремено во прекин. 

Се очекуваат официјални информации за несреќата од МВР.