Патнички воз налетал на барикади од камења кај Драчево

Патнички воз кој сообраќал на релацијата Скопј-Велес, вчера во непосредна близина на станицата Јане Сандански налетал на поставена барикада од камења.

Како што информираа од полицијата  инцидентот се случил  во 15.10 часот, на дел од пругата помеѓу железничка станица Јане Сандански и железничка станица Драчево, кога патничкиот воз наишол и удрил во поставени камења на шините.

Од ударот дошло до оштетување на системот за кочење по што возот застанал.

Во незгодата нема повредени патници и персонал. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 16.20 часот.