„Пасат“ удри во неколку возила, тешка сообраќајка вечерва во Скопје

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје. Неофицијално дознаваме дека две лица се тешко повредени.

До несреќата дошло кога автомобил ,,Пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила . Од силината на ударот , се одбил и попатно соборил столбови на улицата. 

Увидот се уште трае, се очекуваат повеќе детали во текот на вечерта.