„Пасат“ и „Мерцедес“ се судриле кај Крива Паланка, скопјанец тешко повреден

Вчера околу 14 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача, на место викано „Бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А. (46) од Република Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Крива Паланка.