Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Федерацијата за Планинарство (ФПСМ) и Пакомак за поддршка на заеднички активности на долгорочни стратегии за национално делување кон заштитата на животната средина. За еколошки совесни рекреативци и планинари, за планини без отпад.
Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев и Извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски потпишаа меморандум за стратешка соработка низ која ќе се реализираат бројни идни активности за зачувување на планините, одржување на планинарските патеки, спречување на загадување со отпад и пошумување.
„Иако навидум сме сосема различни организации, имаме заедничка цел, а тоа е зачувување на природните богатства на Македонија и градење здрави и еколошки животни навики на граѓаните, беше пораката од овој настан. Нека ни е со среќа и нека има многу успешни проекти низ оваа соработката!“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
Целта на ова партнерство ќе биде да се зајакне еколошката свест и чувството на одговорност кон околината, преку конкретни предвидени активности.
Пакомак и ФПСМ продолжуваат да делуваат согласно долгорочните стратегии за заштита на животната средина.